сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за крвавата престрелка во скопско, едно лице повредено

Детали за крвавата престрелка во скопско, едно лице повредено

На 30.08.2019 година околу 14:25 часот било пријавено дека во с.Арнакија, скопско, на влезот пред угостителски објект, Е.Ј.(21) од с.Буковиќ, скопско, пукал со пиштол во Н.З.(35) од с.Бојане, скопско.

Според пријавата, до пукањето дошло по претходна расправија помеѓу 16-годишен малолетник и Џ.Ј. (21), и Е.Ј., двајцата од с.Буковиќ.

Н.З. се здобил со повреда при обид да ги смири.

Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.