вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за несреќата: Маж почина во водите на Преспанското Езеро

Детали за несреќата: Маж почина во водите на Преспанското Езеро

На 15.07.2019 во 11:05 часот во Полициската станица Ресен, од Здравствен дом Ресен било пријавено дека во водите на Преспанското Езеро, кај автокампот-Крани, има починато лице.

Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека Ѓ.Д.(72) од Неготино околу 10:50 часот влегол во водите на Преспанското езеро, му се слошило и починал.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.