понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за опожарените возила во Скопје

Детали за опожарените возила во Скопје

Четири возила кои биле паркирани на улица „Елисие Поповски“ во близина на број 17, попладневно се опожарени.  Пожарот е пријавен во 18 часот и пет минути во противпожарната единица а интервенирано е со две возила и пет пожарникари.

Станува збор за патничко моторно возило марка „Пежо 308“, „Сеат ибица“, „Форд“ и „Опел астра“. Возилата се надворешно опожарени, а од пожарот е зафатено и едно дрво.

Првичните информациите укажуваат дека возилата најверојатно се опожарени од падната електрична инсталација.

МИА