среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за пожарот на „Табановце“: Нема повредени патници од запалениот автобусот

Детали за пожарот на „Табановце“: Нема повредени патници од запалениот автобусот
ФОТО: 24 инфо

На Граничниот премин „Табановце“ на излез од Македонија, вчера во 15,45 часот настанал пожар на автобус со српски национална ознака, сопственост на агенција од Нови Сад, а управуван од српскиот државјанин В.З. (47) од Нови Сад.

Веднаш по настанување на пожарот патниците неповредени го напуштиле автобусот.

Во 16,05 часот, од екипа од Територијалната противпожарна заштита Куманово пожарот бил целосно изгаснат.

Увид на лице место е извршен од екипа од СВР Куманово.