На 29.07.2022 околу 19.15 часот во Скопје на ул.„Јустинијан Први“, на влез во с.Студеничани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(26) с.Гумалево, скопско и мотокултиватор „ИМТ 509“, без регистарски ознаки, управуван од Е.Р.(49) од с.Студеничани, сооптија од МВР.
Во несреќата, Д.Н. и неговиот сопатник Ф.Ќ.(24) од с.Гумалево се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека Е.Р. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.