сабота, 6. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО НЕГОТИНО – брзата помош само констатирала смрт кај работникот

ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО НЕГОТИНО – брзата помош само констатирала смрт кај работникот

На 20.08.2022 во 11.30 часот било пријавено дека во с.Тимјаник-неготинско И.Ѓ.(61) од Демир Капија, вработен во фирма од Неготино, при изведување на работни задачи, се здобил со повреди по што од екипа на Итна медицинска помош од Неготино бил пренесен во Општата болница во Кавадарци каде од страна на лекар констатирана била смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.