сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ДЕТАЛИ ЗА ВЧЕРАШНАТА ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Две млади лица приведени откако прободеле 60 годишник при недоразбирање во сообраќај

Министерството за внатрешни работи информира дека по преземени мерки и активности, полициски служебници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на 25.10.2022 ги лишиле од слобода Х.С.(20) и Е.П.(18), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека на 24.10.2022 на ул.„Босна и Херцеговина“, по претходна расправија поради недоразбирање во сообраќајот, со уште едно лице физички го нападнале Д.К.(60) од Скопје, по што Х.С. со остар предмет му нанел повреди.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.