вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ДЕТАЛИ ЗА ВЧЕРАШНАТА ТЕПАЧКА КАЈ ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР: Во автобус на ЈСП пронајден нож кај малолетник

ДЕТАЛИ ЗА ВЧЕРАШНАТА ТЕПАЧКА КАЈ ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР: Во автобус на ЈСП пронајден нож кај малолетник

На 21.11.2022 во 20.20 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека на автобуска постојка кај Транспортен центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу неколку малолетници.

По пријавување на настанот, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода излегле на местото и во автобус бр.74 на ЈСП кај малолетник од с.Горно Количани, скопско, бил пронајден и одземен нож.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.