среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за верижната сообраќајка: Две лица итно пренесени на Клиника, две во Градска болница

Детали за верижната сообраќајка: Две лица итно пренесени на Клиника, две во Градска болница

Вчера во 16:15 часот на автопатот „Мајка Тереза“, во атарот на селото Буковиќ се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „фиат сеиченто“ со скопски таблички, управувано од А.Д.(43) од село Трубарево, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски таблички, управувано од А.С.(26) од Ново Село, тетовско и товарно возило „пежо бипер“ со скопски таблички, управувано од Ј.Д.(44) од Скопје.

Во незгодата, тројцата возачи и сопатничката во товарното возило Е.Р.(36) се здобиле со повреди. Ј.Д. и А.Д. се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека А.С. и Е.Р. се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.