понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за железничката несреќа во Македонија: Познат идентитетот на повредените лица

Детали за железничката несреќа во Македонија: Познат идентитетот на повредените лица

Утрово околу 05.20 часот на железнички премин на улицата „Леце Котески“ во Прилеп, патнички воз удрил во патничко возило „ауди“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(60) од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките К.Н. (53) и С.Р. од Прилеп, додека со телесни повреди се здобил возачот Ј.М. и сопатничката Д.М. (50) од Велес.

Тие биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител.