На 04.10.2022 во 22:21 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен малолетник од Скопје со повреда од остар предмет.
По преземени мерки било констатирано дека малолетникот на подрачјето на Бит Пазар бил повреден од други двајца малолетници од Скопје, со кои имал претходни недоразбирања.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.