сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ДЕТЕ ПРЕГАЗЕНО ВО АЕРОДРОМ – малолетникот итно пренесен во болница, ова се деталите

ДЕТЕ ПРЕГАЗЕНО ВО АЕРОДРОМ – малолетникот итно пренесен во болница, ова се деталите
илустрација

Малолетник со повреди итно е пренесен во болница откако денеска во него удри возило. Несреќата се случила попладнево кај „Блок кафе“ во Аеродром.

Како што информираат од СВР Скопје за „Република“, во 13:05 часот „опел“ со скопски регистерски таблички удрил во малолетник на улицата „Симеон Кавракиров“ во Аеродром. Детето е пренесено во Ургентен центар, а полицискиот увид сè уште е во тек.