ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против К.Ч.(40) од Кавадарци поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Тој, пред куќата каде што живее, му продал хероин на П.С., а по извршениот претрес во неговиот дом со наредба од Основен суд Кавадарци бил пронајден хероин и марихуана.