ОВР Струга поднесе кривична пријава против И.Б.(31) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При извршена контрола на улицата „Ѓуро Салај“ во Струга, полициските службеници го затекнале пријавениот при продажба на марихуана на лице од Струга.