вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Директор на државна институција вечерва пијан удрил девојче во Кисела Вода

Директор на државна институција вечерва пијан удрил девојче во Кисела Вода

Директор на една од врвните државни културни установи во Македонија вечерва околу 21:20 часот удрил девојче во скопската населба Кисела Вода, објави порталот Пресс 24.

-Според неофицијалните информаци несреќата се случила во близина на Шампионче, а директорот според се уште непотврдените информации бил под дејство на алкохол а дрегерот на полициските службеници покажал исклучително висока концентрација, пишува порталот.

Девојчето веднаш било префрлено во болница, но се уште немаме информација каква е нејзината состојба. Директорот е задржан во полициска станица.

Од МВР се уште не може да се добие потврда на оваа информација.