Докторка пријавила сомнеж за извршен полов напад врз шестгодишно дете во Тиквешко, дознава МИА. Заради заштита на детето, нема да објавиме за која општина станува збор. Од МВР го потврдија случајот за агенцијата.
-Вчера, докторка од приватна здравствена ординација пријавила дека на преглед кај неа било донесено дете на шестгодишна возраст, за кое се сомнева дека врз него има извршено полов напад, стои во одговорот на нашето прашање.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот. (МИА)