ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против В.П.А.(31) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги,психотропни супстанци и и прекурсори“.
На 03.03.2021, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле претрес на дом и помошни простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, амфетамин, хероин, опиум, 18 таблети МДМА и трамадол.