Денеска (27.05.2021), по претходно добиени оперативни сознанија и врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на С.Д.(53) од Куманово.
При претресот биле пронајдени 45 лица – мигранти од разни држави од Блискиот исток. С.Д. е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.