Во последните 24 часа полицијата регистрирала 470 прекршоци на мерката за задолжително носење маски, соопшти МВР.
Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.
Казната која е предвидена со владината уредба е 20 евра.
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вчера објави дека досега вкупниот број на прекршоци на мерката за носење заштитна опрема на лицето изнесува 25.028, на кои сега се додаваат и бројките од последното деноноќие.