На 21.04.2021 во 16.00 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.М.(26) и И.М.(46), постапувајќи по пријава од 10.35 часот од страна на 19-годишна девојка од Гостивар, според која откако нејзиниот татко, против нејзина согласност, ја омажил за Р.М. од Шуто Оризари, таму неколку дена била чувана затворена од нивна страна и врз неа била извршена обљуба.
По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.