петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Драма на екскурзија: Ученички од Скопје зеле екстази, завршиле на Токсикологија

Драма на екскурзија: Ученички од Скопје зеле екстази, завршиле на Токсикологија

Од Клиниката за токсикологија вчера во 12.28 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај нив биле донесени две четиринаесетгодишни ученички од основното училиште од Скопје.

По преземени мерки било утврдено дека истиот ден околу 11 часот во скопското село Дељадровци за време на училишна екскурзија двете ученички се однесувале агресивно и почнале да губат свест, по што била повикана Итна медицинска помош.

Тие изјавиле дека консумирале таблети, најверојатно екстази, кои ги криеле во облеката.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.