четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Драма на скопскиот аеродром: Кај лица од Камерун пронајдени многу сомнителни работи, еве зошто не смееја да влезат во Македонија

Драма на скопскиот аеродром: Кај лица од Камерун пронајдени многу сомнителни работи, еве зошто не смееја да влезат во Македонија

На Граничниот премин – Меѓународен аеродром Скопје, денеска во 00:10 часот при пасошка контрола и проверка кај лицата М.Б.С.(40) од Камерун, со француска патна исправа и Р.Ф.(36) од Камерун, со дозвола за престој во Луксембург, полициски службеници во нивниот личен багаж пронашле една француска лична карта и камерунска патна исправа на име на други лица.

Во багажот кој го носеле најдена е и хартија во форма на банкноти со идентичен принт на пари во апоени од по 50, 100, 200 и 500 евра и две шишиња со непозната течност.

Предметите им биле одземени, а на лицата не им бил дозволен влез во Република Македонија.