недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ДРАМА ВО АЕРОДРОМ: Младо момче спасило давеник од водите на Вардар- еве ги деталите

ДРАМА ВО АЕРОДРОМ: Младо момче спасило давеник од водите на Вардар- еве ги деталите

Работникот С.С. (27) од Тетово, вчера од водите на реката Вардар го извадил Б.М.(81) од Скопје. Од лекар од Итна медицинска помош бил извршен преглед и било констатирано дека Б.М. е во добра состојба, по што бил вратен во неговиот дом.

Како што соопшти денеска МВР, случајот бил пријавен вчера, во 14.32 часот во СВР Скопје. Лицето било извадено позади хотел на мост во изградба на подрачјето на Аеродром.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и по извршен разговор со С.С.(27) од Тетово, тој појаснил дека, додека извршувал градежни работи на мостот, го забележал Б.М. во водите на Вардар, по што влегол во реката и го извадил.

Полицијата од М.А.(45) од Скопје, снаа на Б.М., добила појаснување дека тој имал здравствени проблеми и без нивно знаење го напуштил домот.