Едно лице со тешки повреди било донесено на скопкските клиники, а друго е приведено .
Според пријавеното, вчера во 15.20 часот од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје било пријавено дека кај нив бил донесен А.Р., со тешки телесни повреди, здобиени додека бил на работа во фирма во Скопје.
По излегување на местото на настанот, од полициски службеници од СВР Скопје било констатирано дека А.Р. бил повреден од друг вработен во фирмата, М.С.(22) од село Визбегово, скопско.
М.С. бил приведен и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.