На 16.04.2020 околу 14:00 часот во Полициска станица Петровец, Е.Л.(39) од с.Чифлик, скопско, кој бил повреден во ногата, пријавил дека во 13:45 часот на место викано „Шамак“, во атар на с.Петровец, скопско, по претходна меѓусебна расправија, Х.С.(19) од с.Петровец, со пиштол му пукал во ногата.
Полициски службеници излегле на местото на настанот каде бил пронајден Х.С., со повреда на главата од тап предмет, кој изјавил дека бил нападнат од Е.Л., кој потоа сам си пукал во ногата.
На Е.Л, Х.С. и неговата сестра Ф.С., за која не е познато како се здобила со повреди, им е укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а за настанот е известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.