СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Х. (44) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и против Ѓ.Ѓ. (67) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 01.11.2019 А.Х., по претходна вербална расправија поради нерасчистени имотно-правни односи, физички го нападнал Ѓ.Ѓ. во неговиот дом.
Потоа, Ѓ.Ѓ. го нападнал А.Х. со остар предмет.
Во Клиничката болница Штип било утврдено дека А.Х. се здобил со тешки телесни повреди, а Ѓ.Ѓ. се здобил со телесни повреди.