понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Сакале да фрлат рачна бомба во угостителски објект- еве ги деталите

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Сакале да фрлат рачна бомба во угостителски објект- еве ги деталите

Нa 16.12.2022 околу 01.25 во угостителски објект на бул.„К.Ј.Питу“ полициски службеници ги лишиле од слобода М.С.(40) и А.П.(45), двајцата од Скопје. Непосредно пред тоа, по претходно недоразбирање со менаџерите на објектот, сакале да фрлат рачна бомба кон нив во објектот.

Лицата се приведени во полициска станица, а неексплодираната бомба е обезбедена и подигната од Единицата за антитероризам. Нема повредени лица или било какви оштетувања. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.