На социјалните мрежи се појави шокантно видео од обид за грабеж на спортска обложувалница во Скопје, поточно во Чаир, кој можеше да заврши и трагично по животот на вработениот, но за среќа тој помина само со повреди.
Само храброста на вработениот во спортската обложувалница беше пречка овој крадец да го испразни сефот и да си замине со полн плен, но овој човек му се спротивстави на крадецот кој во раката имаше нож и го повреди вработениот во левата рака и левата надлактица.
Откако крадецот виде дека храбриот човек нема да се откаже од пружањето на отпор, реши да го напушти објектот, но за жал успеа да му зададе неколку повреди, кои се надеваме дека се полесни. Од снимката може да се види дека настанот се случил овој месец, а подетални информации од МВР за инцидентот за жал немаме.