вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во Струмица: Полицајците морале да пукаат во воздух

Драма во Струмица: Полицајците морале да пукаат во воздух

На 03.01.2021 во 24.00 часот на ул.„Бетовенова“ од полициски службеници од СВР Струмица бил лишен од слобода Ш.М.(32) од Струмица за повеќе сторени кривични дела и одредена мерка притвор.

При преземање на мерките за негово приведување, повеќе лица ги нападнале полициските службеници со тврди предмети, при што од страна на полициските службеници биле испукани неколку предупредувачки куршуми во воздух.

За лицата ќе бидат преземени соодветни мерки. Ш.М. бил спроведен до Затвор Скопје за издржување на казната.