четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во затворот „Идризово“: Се степаа затвореници, еден прободен заврши на клиника

Драма во затворот „Идризово“: Се степаа затвореници, еден прободен заврши на клиника

На 30.08.2019 во 23:45 часот било пријавено дека околу 22:10 часот во затвореното одделение на КПУ „Идризово“ бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Ш.И.(28) од Скопје и П.С.(28) од Струга.

П.С. со остар предмет го повредил Ш.И., во пределот на десната надколеница и десното рамо.

Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“,  каде му биле констатирани телесни повреди, а потоа бил вратен во КПУ Идризово.

Се работи на расчистување на случајот.