На 06.09.2022 во 15.20 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во затворот била пронајдена прашкаста материја.
Полициски службеници од СВР Штип извршиле службен разговор со тројца осуденици Ќ.Ј.(38) од Струмица, И.С.(44) и А.Д.(40) од Свети Николе, а прашкастата материја ја одзеле за понатамошна постапка.
Се работи на расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.