На 18.11.2022 во 14:43 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека кај осуденикот А.К.(37) била пронајдена марихуана.
Исто така, на 18.11.2022 во 14:50 часот, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во ходникот на едно од одделенијата била пронајдена прашкаста материја.
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје извршиле увид, а дрогата била одземена за понатамошна постапка.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.