Припадничка на Шумската полиција денеска е повредена и пренесена во болницата во Струмица откако дрвокрадци удриле во два џипа на полицајците.
Настанот за МИА го потврди командирот на Шумската полиција во Струмица, Тимо Лачев.
Инцидентот се случил на месноста Палазлија, на патот Струмица-Берово, кога шумските полицајци се обиделе да запрат дрвокрадци.
Во акцијата учествувале шумски полицајци од Струмица и Берово, а на местото на инцидентот припадници на МВР вршат увид.