вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Државјани на Македонија и Турција фатени во шверц на злато и сребро на бугарски граничен премин

Државјани на Македонија и Турција фатени во шверц на злато и сребро на бугарски граничен премин

Окружното обвинителство во Хасково поднесе обвинение против државјанин на Турција и на Македонија за шверц на златен и сребрен накит вреден 226.902 лева преку граничниот премин Капитан Андреево, соопшти прес-службата на државното обвинителство.

Случајот е од 29 октомври со автобус што сообраќал од Турција преку Бугарија до Македонија. Во автобусот цариниците пронашле 26 пакувања накит со вкупна тежина од 4,147 кг.

Шверцуваниот златен и сребрен накит е запленет, а против возачот на автобусот А.Б.(50) е поднесена кривична пријава, пренесе БТА.