четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Држел онлајн коцерт од дома, комшијата му удрил нож во раката

Држел онлајн коцерт од дома, комшијата му удрил нож во раката

Во саботата вечерта во Битола, во време на полициски час, мизичарот Пеце Петровски дома држел онлајн концерт посветен на малиот битолчанец Лука кој има аутизам, с`е со цел, да се подигне јавната свест за предрасудите кон ова дете. Арно ама, комшијата Бојан од соседната зграда, неможејќи да ја поднесе музиката, најпрвин со камења кон прозорецот, а потоа со пцовки започнал кавга поради која, Петровски излегол да се разберат, пренесува Алфа.

Излегов надвор с`е со цел да ја спрачам самата ситуација и да ја смирам топката. При тоа, тој ми заби нож во мојата лева рака. Имаше и втор обиде кој го спречи мојата мајка која влезе насреде за да не раздели и мојот колега кој успеа да го оттргни од мене и соседот падна на земи и се упати дома со зборовите- имаш среќа што не зедов сатор – рече повредениот Пеце Петровски.

Неговите први соседи велат дека е мирно момче и дека немале никакви проблеми со него, а музиката никому не пречела.

Немаме досега слушнато некаква кавга од детето, да се скара со некого или да направи гужва. Денеска кога разбрав, се запрепастив –  рече комшивката Дафина Стојановска.

Случајот го потврди СВР Битола, насилникот е приведен и одземен му е ножот на вештачење. Случајот ќе добие кривично- правна разрешница, а изолацијата поради короната, само покажува колку луѓето с`е повеќе се нервозни и агресивни.