среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Два воза удриле во камења поставени на пруга

Два воза удриле во камења поставени на пруга

Два патнички воза удриле во камења поставени на пругата меѓу Браилово и Слепче. Во несреќите нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.

Според информациите на полицијата, првата несреќа се случила вчера околу 13:50 часот кога патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје удрил во камења на пругата кои биле поставени од непознати лица. Од ударот предизвикано е оштетување на браникот на возот, но истиот не застанал, односно го продолжил движењето.

Потоа истиот ден околу 19:05 часот патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Битола, удрил во камењата на пругата, но од ударот не била предизвикана материјална штета.