понеделник, 25. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца Кубанци се обиделе нелегално од Македонија да влезат во Грција

Двајца Кубанци се обиделе нелегално од Македонија да влезат во Грција

Рано утрово, два часа по полноќ, полицијата фатила двајца државјани на Куба кога тие се обиделе нелегално да ја преминат границата и да заминат во Грција. Потоа биле донесени решенија за нивно протерување од земјава.

„На 12.08.2021 во 02.40 часот, полициски службеници спречиле нелегално минување на државната граница од Република Северна Македонија во Република Грција на лицата В.Д.(29) и М.Б.Ј.(23), двајцата од Куба. Од извршените проверки било утвдено дека тие имаат остварено нелегален влез во државата. По преземени мерки на лицата им се издадени решенија за протерување на странец и забрана за влегување во земјава“, информира МВР.