петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца малолетници избегаа од Јавни установи за згрижување деца

Двајца малолетници избегаа од Јавни установи за згрижување деца

На 27.10.2021 во 15:20 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечила М.С.(17), која и претходно во повеќе наврати самоволно се оддалечувала и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 27.10.2021 во 15:10 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца – Козле било пријавено дека од установата се оддалечил С.А.(14). Тој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.