Две лица вчера биле прегазени во одделни сообраќајни несреќи во Скопје.
Првата е регистрирана утрината околу 9:50 часот на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ кај Народна Банка.
-Автомобил „Даеву матиз“ со скопски регистерски таблици управувано од Т.С. (64) удрило во пешак В.Р.(27) од Скопје.
Во 17:30 часот на улицата „Љубљанска“ се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С. (53) од Скопје удрило во пешакот И.Б. (28) од Скопје.
Двајцата пешаци со тешки повреди биле пренесени во ГОБ „Св. Наум Охридски“.