Двајца штипјани на возраст од 30 и 27 години се приведени по судска наредба за издржување на казна затвор.
Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова во соопштението до медиумите наведува дека вчера во 3.30 часот на ул.„Пиринска“ во Штип од полициски службеници од Полициската станица Штип приведeн e 30-годишниот Х.С. од Штип, баран по судска наредба од Основен суд Штип за издржување казна затвор.
-Истиот ден во 15.55 часот на ул.„Балканска“ во Штип од полициски службеници од Полициската станица Штип приведeн e 27-годишниот С.И. од Штип, баран по судска наредба од Основен суд Штип за издржување казна затвор, се вели во соопштението од СВР-Штип.
Лицата се спроведени до Затвор-Струмица за издржување на затворските казни. (МИА)