Две девојки на возраст од 19 и 21 година вчера пријавиле во полиција дека биле каснати од куче во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од МВР информираат дека во 11.45 часот во Полициската станица Центар, Г.Т.(21) од Кавадарци пријавила дека била касната од куче скитник.
Околу 15 часот, Е.М.(19) од с.Вранештица, кичевско пријавила дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ била касната од куче скитник.