ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Е.М.(57) од с.Горна Бањица и Х.Ј., сопственик правно лице од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Пријавените, како инвеститор и како изведувач, во текот на мај 2022 на ул.„ЈНА“ во Гостивар без соодветна документација започнале изградба на објект.