вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Две лица ќе одговараат за „пустошење на шума“

Две лица ќе одговараат за „пустошење на шума“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против А. М.(42) од Ресен и Ј.Р.(30) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“.

На 19.07.2022 на место викано „Тумбиште“, вработени во Јавното претпријатие „Национални шуми“-Преспа дрво Ресен ги затекнале пријавените при бесправна сеча на дабово дрво.