сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Две лица од Охрид завршија зад решетки, при претрес им била пронајдена дрога и оружје

Две лица од Охрид завршија зад решетки, при претрес им била пронајдена дрога и оружје

На 18.05.2021 година, полициски службеници од Одделот за криминалистички работи, Сектор за недозволена трговија на дрога, оружје и опасни материи во соработка со Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, од слобода ги лишија А.А.(47) и Т.А.(51), двајцата од Охрид.

При претрес извршен по судска наредба, во домот на А.А. биле пронајдeни и одземени една кеса со семки од растението канабис сатива и две кеси со кафеава прашкаста материја.

Дополнително, во домот на Т.А. биле пронајдени и одземени еден гасен пиштол марка „екол“ и пет гасни куршуми. Предметите се предадени на вештачење, а по документирање на случајот СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.