На 24.09.2021 во 21:20 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода Р.А.(20) од Гостивар и А.М.(32) од с.Долна Бањица, гостиварско, затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.