На 15.01.2023 полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар во ловиште „Лесково“, на место викано „Тепих“ во атарот на с.Смилево, ги затекнале во незаконит лов И.С. од с.Смилево и Н.Ѓ. со престој во с.Загориче, демирхисарско.
Тие не поседувале ниту соодветна дозвола за лов ниту дозвола за оружјето, а од нив биле одземени ловни пушки и ловни куршуми.
По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава во врска со чл. 80 ст.1.т.1 од Законот за оружје.