четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Две лица ќе одговараат за криумчарење, еве што најде полицијата кај нив

Две лица ќе одговараат за криумчарење, еве што најде полицијата кај нив

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против Р.А.(65) и С.Р.(55), двајцата од с.Лојане, липковско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење’’.

На 25.02.2023 кај с.Злокуќане, липковско, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило марка „опел корса’’ со кумановски регистарски ознаки, управувано од првопријавениот, а сопатник бил второпријавениот, при што во возилото без соодветна документација пронашле 190 кутии со по 500 таблети.