Две возила, паркирани на улица во Гостивар биле опожарани, а со интервенција на пожарникарите биле спречени поголеми штети.
Според СВР Тетово, вчеравечер околу 22 часот и 35 минути, пријавено е опожарување на две патнички возила, кои биле паркирани на улица „Питарница“ во Гостивар.
– Од засега неутврдени причини, во предниот дел кај моторот се запалило возило „Цитроeн“ со гостиварски регистерски таблици, сопственост на гостиварецот З.Р (70), по што огнот се проширил и го зафатил задниот дел од блиското возило „Опел фронтера“, сопственост на Б.Д. (42), вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Со интервенција на гостиварските пожарникари, пожарот е локализиран, а екипа од Полициската станица Гостивар извршила комплетен увид. Се работи на утврдување на причините за избувнувањето на пожарот и на вкупната материјална штета.