недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Две патнички повредени откако возач на ЈСП нагло прикочил за да избегне сообраќајка

Две патнички повредени откако возач на ЈСП нагло прикочил за да избегне сообраќајка

Двце жени се здобиле со повреди, од кои едната потешки, откако вчера возач на ЈСП нагло прикочил.

Инцидентот се случил околу 15,20 часот во Скопје на крстосница од улица „Водњанска“ и „50-та Дивизија“, кога автобус на ЈСП бр. 50 управуван од М.М.(53) од Скопје нагло прикочил за да не удри во друго возило кое излегло пред него.

Со повреди се здобиле патниците во автобусот, В.А.(60) и К.С. (52) двете од Скопје.

-Со возило на Итна медицинска помош повредените биле пренесени во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде по укажана лекарска помош на К.С. и биле констатирани телесни повреди и истата била пуштена на домашно лекување, а на В.А. и биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.