четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Две починати лица пронајдени во гевгелиско Миравци- еве ги деталите

Две починати лица пронајдени во гевгелиско Миравци- еве ги деталите

Вчера околу 09.30 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на место викано „Јаворица“, атар на с.Миравци, гевгелиско, биле пронајдени тела на две починати лица, најверојатно мигранти.

По овластување на Јавен обвинител, полициски службеници од ОВР Гевгелија извршиле увид и притоа кај едното лице била пронајдена картичка за идентификација издадена од Република Грција и било утврдено дека станува збор за малолетник од Авганистан, додека кај другото лице не биле пронајдени документи за идентификација.

По наредба на Јавен обвинител телата биле дадени на обдукција.